Ментори
Сите ментори на Galeksia се сертифицирани од Digital Marketing Institute и поседуваат врвно знаење и експертиза во полето кое го предаваат.
На програмата ќе имаш прилика да учиш од нивното долгогодишно искуство, кои преку реални примери ќе ти помогнат да ги унапредиш твоите digital skills и да се стекнеш со сертифицирано знаење.
Сара е аналитичар на податоци, со долгогодишно искуство во неколку компании во соработка со клиенти од различни индустрии.
Обработува и анализира извештаи со повеќе од 40 страни, кои содржат над 100 KPIs. Умешноста на Сара за интерпретирање на информацијата од тие податоци, донела раст на многу од клиентите.
Со практични примери од секојдневното работење, ќе ти ја пренесе својата пасија за читање на резулататите во нумерички облик. Google Analytics е особено важен за секој бизнис, па така овој модул е посебно значаен за тебе!
▪️ Презентирани и прочитани над 100 извештаи;
▪️ Креирани извештаи за над 20 различни видови на бизниси.
Теодор Јосифовски дипломирал на ФЕИТ на Информатика и Компјутерско Инженерство, а магистерските студии по Project Management ги завршил на престижниот RANEPA факултет во Москва.
Teодор ќе ти го пренесе неговото знаење преку практична работа и споделување на она што го научил од своето 10 годишно работно искуство на проекти кои вклучуваат клиенти од целиот свет. Неговото искуство вклучува:
▪️ 1000+ keywords рангирани на првата страна на Google Search;
▪️ 70+ SEO оптимизирани веб-страници oд:
▪️ 11 различни индустрии и 7 различни држави.
Елена е tech-savvy дигитален маркетер и Marketing Manager во The Bright Box, која со своето долгогодишно искуство на практичен начин ќе ти го објасни модулот за Social Media Marketing.
Таа има огромна пасија за дигиталниот маркетинг и постојано е насочена кон успех, напредок и усовршување. Во нејзиното портфолио се вбројуваат:
▪️ Долгогодишно искуство и експертиза во дигитален маркетинг;
▪️ Успешно водени компании во различни индустрии;
▪️ Стратешко менаџирање на дигитални кампањи за повеќе пазари и земји;
Михаил Китановски e сопственик и генерален директор на компанијата за консултантски услуги Kitanovski & D2EM (D2EM Consulting) и врвен консултант за менаџмент во бизнис заедницата. Во неговата дејност ја комбинира и експертизата за пијано – класична и џез реторика.
Неговото импресивно портфолио вклучува над 20 години искуство во работа со светски-познати, мултинационални компании за бизнис стратегија, продажба, финансирање и прашања поврзани со растот на компанијата. Признат за својата работа со меѓународни деловни партнерства, Михаил има искуство со in-house бизнис обуки и отворени тренинг сесии на 4 различни континенти и има работено со 700+ Клиенти од:
▪️ 70 + различни индустрии;
▪️ 30+ различни држави.
Искусен специјалист по дигитален маркетинг со акцент на Google Ads, моментално работи како SEA Consultant во DEPT. Исклучително амбициозна, љубопитна и hard-working, Елена ќе биде вистински пример и мотив за своите студенти, како да успеат во светот на дигиталниот маркетинг.
Нејзиното богато портофолио досега брои:
Над 900.000$ потрошени во Google Ads;
10+ различни индустрии и 14 различни држави;
350+ успешни Google Ads кампањи;
Преку бројни практични примери од секојдневната работа, на CDMP програмата ќе ве научи кои се најдобрите практики за менаџирање, оптимизација и генерирање на резултати со помош на платени кампањи.
Дарко е искусен (дигитален) маркетер, тренер и говорник. Во индустријата е од 2005 година. Во 2010 ја основаше NewMediaMK, првата агенција за дигитален маркетинг во Македонија.
Поголемиот дел од неговото работно искуство е во полето на развој на стратегии за дигитален маркетинг, социјални медиуми, дигитални медиуми и бизнис трансформација. Во својата богата кариера развива и имплементира маркетинг стратегии и кампањи за бројни интернационални, регионални и локални брендови. Од 2007 година до денес има предавано на бројни конференции, обуки, академии, тренинзи и работилници.
Како дел од тимот на NewMediaMK но и како независен консултант има работено за компании и организации меѓу кои The Coca-Cola Company, ProCredit Bank, Vodafone, Diners Club, Dell, A1 Telekom, One Telecom, Imperial Tobacco, UNDP, WFD, Grand Kafa, Grawe Insurance, Gemak, Parkland Hospitality Group, InOne, Вива, Рамстор и многу други. Во моментов е дел од интернационалниот тим на TTTech Group каде е одговорен за глобалните B2B маркетинг стратегии и унапредување на целокупното корисничко искуство.
Мартина е магистар по IT Management и искусен специјалист за дигитален маркетинг со широк спектар на вештини и искуство.
Како E-mail Marketing & CRM Specialist во Ananas.mk работи на специјализирани кампањи за кои што од прва рака може да им пренесе на студентите какви новитети и трендови се случуваат во областа на Email Marketing-от.
Верче Карафилоска е продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно искуство како соработник на B2B, SaaS и eCommerce компании во земјава и во светот.
Фокусот на Верче е лансирање нови производи како и појаснување на постоечки понуди, со цел подобро позиционирање и конверзија на lead-ови во клиенти.
Од Верче ќе научиш како да создадеш содржини со одредена цел, да избегнеш нејасни пораки и понуди, да ја приспособиш твојата порака на соодветниот канал и кампања, и како да ги поврзеш твоите content иницијативи со она кон коешто се стреми секоја компанија: профит.
▪️ 5 годишно искуство во B2B, SaaS и ECommerce сферата;
▪️ Реализирани над 100 проекти за клиенти од земјава и странство;
▪️ 1000+ email секвенци за клиенти од 25+ различни индустрии;
▪️ 20+ веб страни;
▪️ 100+ блогови.
Марина Трајковска е CTO во Odyseek со долгогодишно искуство во креирање алатки за growth hacking. Фокусот на Марина е користење на no-code алатки за креирање иновативни growth продукти кои привлекуваат нови корисници.
Од Марина ќе научиш како да користиш no-code технологии за креирање бесплатни алатки без потреба од програмирање, како да развиеш нови маркетинг канали и како ефективно да го промовираш твојот продукт.
Анита Кирковска е Growth Lead во Vellum со долгогодишно искуство во креирање стратегии за контент, развој на продукт и позиционирање на пазар.
Фокусот на Анита е идентификација на можности за позиционирање, создавање ефикасни контент стратегии и примена на вештачка интелигенција во работните процеси.
Од Анита ќе научиш како да идентификуваш нови можности за контент, како да ги скалираш тие можности и да постигнеш забрзан раст. Таа ќе те води низ процесот на користење на најсовремената технологија и вештачка интелигенција, овозможувајќи ти да постигнеш повеќе со помалку напор и време.
Над 130 000 луѓе
во светот имаат професионален напредок од оваа програма!
Многу од учесниците од CDMP програмата работат во светски гиганти како:
контактирај го нашиот тим на професионалци и дознај повеќе